ОУ „Никола Карев“ е првото изградено училиште во Кочани (1957 година) во однос на површината на објектот од 4525 м2 и училишен двор од 12946 м2 се наоѓа на првото место во Кочани. Училиштето се загрева со нафта и геотермална вода. Местоположбата на училиштето во самиот центар на градот со нов влез и нова фасада како и новоизградената спортска сала нудат широк спектар на можности за подобрување на условите за работа и квалитетот на образованието. Во училиштето постојат 30 паралелки кои работат во 2 смени вклучувајќи го и продолжениот престој за ученици од прво до трето одделение.Picture1

МИСИЈА, ВИЗИЈА И МОТО НА УЧИЛИШТЕТО

  • Мисијата произлегува од целта на воспитанието и oбразованието на учениците од училишната возраст, а таа гласи:
  • Училиштето предводи и поттикнува промени кои се патоказ за креативна, здрава и образована личност и подржува партнерски односи меѓу ученици, наставници и родители.
  • Да бидеме училиште кoe нуди современа, модерна, квалитетна настава која е прилагодена на потребите на учениците и ќе овозможи нивно креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување. Да влијаеме на сестраниот развиток на личноста со вистински вредности и начела кои ги стекнала кај нас, а ќе и бидат двигател и водич низ лавиринтите на животот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

  • Според организацијата на работата во училиштето работат 30 паралелки од 1 до 9 одделение од кои една е продолжен престој за учениците од прво до трето одделение. Во подрачните училишта има по 5 паралелки од 1 до 5 одделение – вкупно 40 паралелки.
  • Вкупниот број на ученици кои следат настава во учебната 2015/2016 година е 601 ученик.
  • За поквалитетно и поуспешно реализирање на ВОП, наставниците изготвуваат годишно-глобално, тематско-процесно, месечно планирање и дневни подготовки.
  • Во училиштето во текот на работниот ден за поголема безбедност на учениците се организираат дежурства од страна на техничкиот персонал и наставниот кадар, како и од страна на самите ученици од предметна настава.

Видови на настава

  • Според наставниот план во училиштето се организира и реализира:
  • -Задолжителна настава;
  • -Изборна настава;
  • -Дополнителна настава;
  • -Додатна настава;
  • -Продолжителна настава;
  • -Настава во продолжен престој;
  • -Слободни ученички активности;
  • Реализацијата на наставната програма во сите одделенија ја следи директорот , педагошко психолошката служба во училиштето, потоа државниот просветен инспекторат и советници од Бирото за развој на образованието.