Учениците на ОУ „Никола Карев“ од Кочани се годинешните победници на Општинските училишни натпревари кои ги организираше Сојузот на училишни спортови – Кочани.
Во првото коло „Никола Карев“ беше поуспешен од „Малина Попиванова“ 7:4, во 1/2 финалето од „Св. Кирил и Методиј“ 7:2 а во финалето го совладаа „Раде Кратовче“ 8:3.